Официјалниот „Твитер“ профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи е вратен, откако вчера беше хакиран.
Од Министерството за надворешни работи информираа дека покрај неколкуте избришани твитови, не е забележана посериозна злоупотреба.
Вчера министерот објави дека неговиот профил на „Твитер“ е хакиран, а случајот го пријави во полицијата. Профилот на Османи беше преименуван во „Sheldon The Sniper“.