Времето денес до 33 степени, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес до 33 степени, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

пред 2 часа

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и наместа појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степена.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 32 степена.

Текстот Времето денес до 33 степени, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top