Падна дел од фасада на зграда во Аеродром

Врнежливо време со максимална температура до 13 степени

пред 2 години

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини.

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла или ниска облачност по котлините. Повремени врнежи од дожд, на планините од снег ќе има во вторник.

Текстот Врнежливо време со максимална температура до 13 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top