Вчера биле вакцинирани 8.792 граѓани, соопшти Министерството за здравство

пред 3 години

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 295.780 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.418 граѓани, а се вакцинирале вкупно 8.792 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани, извести Министерството за здравство.

Според податоците од таму, со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211 граѓани, велат од МЗ.

Додаваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Share
Scroll to Top