Вчера се аплицирани 10.221 вакцини

пред 3 години

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани“, велат од Министерството за здравство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

 

Share
Scroll to Top