Вчера се вакцинирале 9.393 граѓани

пред 3 години

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера биле вакцинирани вкупно 434.450 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.626 граѓани, а се вакцинирале вкупно 9.393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 686.788 дози вакцини, а ревакцинирани се 252.338 граѓани, информираат здравствени власти.

Со последните бројки 57% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 54% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Голем е интересот за вакцинација без закажан термин, велат од Здравство. Според податоците од таму, со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување  термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 Aрена, СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, потенцираат од министерството.

Апелираат до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на тој начин ќе се победи вирусот.

Share
Scroll to Top