Постојано повторувам дека Бугарија и Северна Македонија немаат билатерален проблем, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, јавува БГНЕС.
Габриел вечерва пристигна во Скопје каде ќе учествува на 30. Самит на ОБСЕ. Таа по пристигнувањето се упати кон бугарскиот културен центар во Скопје.
„Постојано повторувам дека Бугарија и Македонија немаат билатерален проблем. Како членка на ЕУ Бугарија ги брани основните вредности и принципи на Унијата. Кога РСМ сака еден ден да стане членка, мора да покаже дека членството значи обврски и исполнети ветувања“, рече Габриел, коментирајќи дека тоа подразбира почитување на човековите права и главните принципи на Унијата.
Текстот Габриел: Бугарија нема билатерален проблем со Северна Македонија е превземен од МАКФАКС.