Генералениот секретар на СДСМ од Бигорскиот манастир порача: Да се сплотиме околу клучните прашања

пред 3 години

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, денеска го посети Бигорскиот манастир. Вториот ден од големиот христијански празник Божик тој го помина во средба со епископот Антаниски и Игумен на Бигорскиот манастир, г. Партениј.

„Големите празници кои ги дочекуваме втора година по ред во време на пандемија, нè потсетуваат дека нема ништо покршливо од човечкиот живот. И во физичка и во духовна смисла.

И во оваа 2022 година нè очекуваат бројни предизвици за македонската држава, за граѓаните.

Она што посакувам да се случи е подавање рака еден на друг наместо подметнувања, обединување наместо раздор, сплотување на сите човечки потенцијали наместо делење по сите национални шевови. Посакувам конечно да се сплотиме како општество околу клучните прашања за иднината на државата.

Тука не говорам само за политичко обединување, туку за суштинско, ако сакате и на морално и на духовно рамниште. Ние сме мал народ, кој, за жал, сè уште се бори со своите внатрешни демони. Од оваа прашнина ние не можеме да ја видиме индината. Разединето општество не може да нè однесе напред, особено кога македонскиот народ и македонската држава се пред клучни предизвици. Ние мора да се обединиме за да го заштитиме нашето достоинство, нашата самобитност, нашиот идентитет во големото семејство на европските државотворни народи”, нагласи Зечевиќ.

Share
Scroll to Top