Герасимовски: Бесплатна градинка за децата Роми од ранливи семејства

Герасимовски: Берберниците од Центар се вклучија во иницијативата “Се шишаме и донираме”, голем број граѓани донираа

пред 2 години

Општина Центар во соработка со берберниците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance ја реализираа големата хуманитарна акција „Се шишаме и донираме” на територија на општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги посети сите пет берберници за да види како се одвива иницијативата и донираше финансиски средства за да донесе радост онаму кадешто е најпотребно во пресрет на новогодишните празници.

“Среќен сум што хуманоста нѐ зближува, голем број граѓани донираа. Моја огромна почит до бербениците Rera, Mr.Barber, Popeye, Cimer и Tose Stance за заедничката хуманитарна акција „Се шишаме и донираме”. Во следниот период продолжуваме со слични активности”, вели Герасимовски.

Сите мажи кои вчера се шишаа или бричеа во некоја од овие пет берберници паричните средства што ги платија како услуга ги донираа во хуманитарни цели.

Текстот Герасимовски: Берберниците од Центар се вклучија во иницијативата “Се шишаме и донираме”, голем број граѓани донираа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top