Герасимовски за свлечиштето во Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот, итна реакција на општината

Герасимовски за свлечиштето во Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот, итна реакција на општината

пред 16 часа

Инспекциските служби на Општина Центар, заедно со МВР, веднаш излегоа на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување на јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„По извршениот увид, констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализационата мрежа и уличното осветлување, при што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции кон инвеститорот за непочитување на обврските и предизвикување штета врз јавната инфраструктура.

Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар излегоа на терен и веднаш презедоа мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор“.

Општина Центар, се додава во соопштението, нема да толерира несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор.

„За секое прекршување ќе следуваат ригорозни мерки согласно законските надлежности.

Истовремено, инвеститорот е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за заштита и санација, како и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитна состојба.

Општина Центар останува на терен и будно ќе го следи случајот сè до целосно отстранување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните“.

Претходно денеска на социјалните мрежи од Иницијативата во „Одбрана на Буњаковец“ на социјалните мрежи беа објавени фотографии и ведеа од свлечиште на градилиште во центарот на Скопје.

Текстот Герасимовски за свлечиштето во Центар: Обезбеден просторот и санкциониран инвеститорот, итна реакција на општината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top