Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови, повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови, повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера

пред 8 часа

Општина Центар вечерва, со почеток од 20:00 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни.

„Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи поуки за бонтонот, другарството и вистинските вредности. Повелете на дружење во вечерните часови, во пријатната атмосфера на нашите паркови“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

По проекцијата во Парк Капиштец, филмот вечерва ќе биде прикажан и кај ООУ „Кочо Рацин“ во терминот од 21:00 часот.

Општина Центар информира дека во периодот од 2 до 13 јуни ќе се одржуваат бесплатни филмски проекции низ центарските паркови, со содржини посветени на младата публика, а за секое дете се обезбедени пуканки и сокче.

Проектот „Патувачко кино“ овозможува заеднички моменти на дружење и културно-едукативно доживување, збогатувајќи ја летната понуда во градот.

Текстот Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови, повелете на дружење, пуканки и пријатна атмосфера е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top