Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар

Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар

пред 3 недели

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, соопштија од Општина Центар.

Дератизацијата, како што е наведено во соопштението, се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.

„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.

Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

Текстот Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top