Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.
„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен.
„Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување“, посочи Герасимовски.
Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.
Текстот Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота, оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје е превземен од МАКФАКС.





