Утре во посета на Република Северна Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман, информираа владините прес-служби.
„Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со германската министерка за Европа Лирман, по што следуваат две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи“, се додава во соопштението.
Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.