Глас за Македонија не го признава Преспанскиот договор

пред 3 години

Соопштение на партијата Глас за Македонија

„Преспанскиот договор, го “реши“ проблемот со Грција со поништување на Македонците, во и надвор од државата;

Преспанскиот договор, го крши основното право на еден народ на самоопределување;

Преспанскиот договор, е донесен со кршење на Меѓународното право и на Виенската конвенција;

Преспанскиот договор, е донесен со кршење на волјата на преку 60% од граѓаните, јасно изразена на последниот референдум;

Преспанскиот договор, згазна на светите постулати од АСНОМ кои беа вградени во нашиот Устав;

Преспанскиот договор, не претвори во непостоечки Северномакедонци;

Преспанскиот договор, ја отвори Пандорината кутија на Балканот каде веднаш се појавија идеи за “Големи држави“, како Великобугарската идеа;

Преспанскиот договор, наместо да донесе стабилност и напредок на државата, доведе до нестабилност и повампирување на апетитите на некои соседи за кои мислевме дека се минато;

Преспанскиот договор, е сега претекст за уцени од страна на Бугарија, наше блокирање и присвојување. Ете тие се “придобивките“ од насилно (буквално) донесениот договор.

Овој “договор’ е извор на нестабилност и ја загрозува безбедноста во регионот. Македонското прашање, наместо да остане затворено, сега е повторно отворено. За последиците некој ќе мора да одговара. И тоа не со замрзнување на имоти во САД, туку пред нашите судови.

Црните листи да се задржат на рак раната на целиот Западен Балкан, а тоа е корупцијата во највисоките ешалони на власта. Токму таму е изворот на нестабилност, несигурност и економско назадување“, се наведува во соопштението на Глас за Македонија.

Share
Scroll to Top