Глоби за 506 лица за неносење маски

пред 4 години

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.12.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 506 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Share
Scroll to Top