Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски.
Точно на пладне триесет учесници во духот на заедништвото држејќи се за рака дозволија еден од името на сите да го фати светиот Крст во осветените води на реката Вардар.
По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска присуствуваше на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Градот Скопје на Горан Николовски традиционално му додели икона и златник, кои тој од име на сите учесници ќе ги донира во Соборниот храм во Скопје за добротворни цели.