Гостиварец им се заканувал на сопругата на децата дека ќе ги заколе

пред 4 години

Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело-загрозување на сигурноста.

„Обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно. На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека сите дома ќе ги заколе“, велат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​

Share
Scroll to Top