Гости во скопски локакал со исклучени светла се криеле од инспекторите, во Чаир газда сам ја тргнал пломбата на објектот

пред 3 години

Инспекциите во Скопје вчера затвориле четири објекти – три локали кои работеле по 21 часот, а интервенирано е и во јога-студио каде што казната не е за пречекорување на работното време, туку за групирање повеќе луѓе на едно место.

Како што денеска соопшти, Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат, трите угосителски објекти биле фатени дека работат во 23, 23.30 и 24 часот, а кај еден имало и кинење на претхофно поставената пломба пред да истече законскиот рок.

Станува збор за објект во Чаир, кој повторно е затворен, направен е записник и поднесена е кривична пријава за кинење службен печат од институција, рече Пауновски.

Според директорот на пазарата инспекција, голем број угостителски објекти низ цела земја не ги почитуваат мерките и работат после дозволеното време.

Тој раскажува дека имаа ситуации каде објектите се заклучуваат, се гаси светло и гостите седат во мрак, а притоа се служат пијалоци и храна.

Таков случај имало синоќа со кафулето „Три кичен бар“ каде гости имало околу 22.30 часот. Слично сценарио се случувало и со „Станица 26“ локал во непоследна близина на „Три кичен“. Гости по 23 часот синоќа имало и во кафулето „Мош“.

Пауновски вели дека проблеми имаат и со асистенцијата од некои полициски екипи кои во одделни случаи ги штитат сопствениците на локалите.

 

Share
Scroll to Top