Градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Здружение за хумано домување „Хабитат Македонија“ – Скопје

пред 2 години

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска потпиша меморандум за соработка со Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ – Скопје.

Целта на потпишувањето е заедничкиот интерес на двете страни за подобрување на условите за домување на семејствата, кои живеат во станбени објекти, преку нивно приклучување кон системот за дистрибуција на природен гас, како и развивање системски мерки за учество на локалната самоуправа во поддршка на домувањето, преку модели за управување и инвестициско одржување на колективни станбени згради.

Share
Scroll to Top