Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е позитивен на коронавирус.
Тој вчера ја презеде градоначалничката функција.
Папазов во неделата беше на состанок со партискиот лидер Христијан Мицкоски и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По состанокот, Папазов заедно со градоначалниците застана зад Мицкоски на прес-конференција пред Белата палата, пришто му се слоши и настанот беше прекинат. Нешто подоцна, Мицкоски на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Папазов и напиша дека сe’ e во ред, порачувајќи му во иднина да не го прескокнува појадокот.