Град Скопје: И да сакаме не може да бидеме одговорни за проблемот со парното

пред 3 години

Навистина сме зачудени од континуираните напади на СДСМ кон Град Скопје и градоначалничката Арсовска, околу енергетската криза и проблемите кои произлегоа околу загревањето на скопјани, се вели во реакција од градските власти.

„Навистина е неодговорно однесувањето на оваа партија и на централната власт, која наместо да се зафати за решавање на овој проблем, со недели се обидува овој проблем да го наметне на Градот Скопје и локалните самоуправи.

Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата“, се наведува во реакцијата.

Во неа се објаснува дека градот нема на располагање средства колку што има Владата, ниту има инфраструктура и ингеренции што ги поседува Владата за да го реши овој проблем.

„Поради неодговорното однесување на централната власт и несериозниот пристап кон енергетската криза, сегашните мерки кои ги предлага и презема централната власт доцнат речиси половина година, кои за жал, веќе придонесоа за распространување на кризата и поскапувања на сите енергенси, прехранбени продукти и сл.“, посочуваат од Град Скопје.

Share
Scroll to Top