Град Скопје планира да врши заеднички инспекциски надѕор со општините

пред 3 години

На денешната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и општините за заедничко вршење на надлежности од областа на инспекцискиот надзор. На почетокот на седницата, исто така, ќе се верификува мандат на член на Советот на Град Скопје кој доаѓа на местото на прерано починатиот советник и заменик – градоначалник Енвер Малиќи.

Меѓуопштинската соработка ќе се врши преку здружување на човечките ресурси и нивно ефективно и рационално ангажирање и искористување, при што инспекцискиот надзор ќе го врши Градот, а општините ќе ги стават на располагање на градот сите инспектори и комунални редари вклучително и материјални средства. При остварувањето на меѓуопштинската соработка во надлежностите од инспекцискиот надзор, Градот ќе ги координира активностите на сите инспектори и комунални редари и ќе ги овозможи сите потребни услови за непречена реализација во остварувањето на инспекцискиот надзор.

Share
Scroll to Top