Град Скопје: Пријавувајте огнови на отворено на 193

пред 3 години

Градот Скопје за да го намали аерозагадувањето и годинава продолжи бесплатно да ги собира остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а четврта година по ред ја спроведува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. За да се заштити воздухот од загадување заинтересираните граѓани од целиот Скопскиот плански регион, може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад од нивните обработливи површини. Со кампањата Градот Скопје сака на скопските земјоделци да им помогне да стекнат навика да не ги палат стрништата, да се зачуваат плодноста на почвата која ја обработуваат и да добиваат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата. Градот Скопје ги повикува граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. „Овие две кампањи, заедно со субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето“, велат од Град Скопје.

Share
Scroll to Top