Граната и рачна бомба пронајдени во Битола

пред 3 години

Граната и рачна бомба од светските војни биле пронајдени на две локации во Битола.

Според информациите на МВР, вчера Љ.С. пријавил дека пронашол една рачна бомба од периодот од Првата или Втората светска војна во река над село Ниже Поле.

Истиот ден, Ц.М. пријавил дека во плац за мермер во Битола пронашол стара артилериска граната со калибар 75 милиметри од Првата светска војна.

 

Share
Scroll to Top