Грашковска: За бадниковите огнови важи забраната за групирање на повеќе од 4 лица

пред 4 години

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашковска потсети на забараната за групирања, прашана за бадниковите огнови кои се палат на улиците пред утрешниот празник.

„Како и досега и денеска важи забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, такашто во рамки на ова ограничување е и одговорот за евентуалните вечерашни прослави или палење огнови“, рече Грашковска.

Таа оцени дека граѓаните биле совесни за новогодишните празници и очекува така да биде и за Бадник и Божик, пришто апелираше на почитување на мерките.

Грашковска најави дека надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Share
Scroll to Top