ГРОМ за новата кривична против Јакимовски: Зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?

ГРОМ за новата кривична против Јакимовски: Зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?

пред 3 часа

ГРОМ најостро ја осудува денешната нова кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски.

„Наместо човечност, наместо институционална воздржаност и наместо почитување на демократските принципи, гледаме континуирана политичка пресметка, Во исто време, Стевчо Јакимовски се наоѓа во болница и за само месец и половина помина низ три операции. Јавноста не е наивна.

Граѓаните гледаат што се случува и со право прашуваат: Зошто повторно Јакимовски? Зошто токму сега кога пред само неколку дена Врховниот суд ги укина претходните пресуди против Стевчо Јакимовски и предметот го врати на повторно постапување. И зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми?“, прашуваат од ГРОМ.

„Јавноста очекува кривични пријави, истраги и разрешница за дивоградбите во Чаир, за урбаниот хаос и за сите случаи во кои постојат сомнежи за незаконско постапување. Очекува одговори за тоа кој дозволувал, кој градел, кој потпишувал и кој со години ги затворал очите пред дивоградбите.

Наместо тоа, добиваме нова пријава против човек кој во моментов се наоѓа во болница. Ова повеќе не изгледа како борба за владеење на правото. Ова изгледа како политичка пресметка со неистомисленици.

ГРОМ ја повикува власта да престане да ги користи институциите како средство за заплашување и политички притисок. Не може едни да бидат недопирливи, а други постојано да бидат предмет на институционален прогон.

Особено лицемерно е кога власта зборува за правда и владеење на правото, а јавноста секојдневно гледа селективност, двојни стандарди и институции кои очигледно имаат различни аршини за различни луѓе. Додека Јакимовски се бори за своето здравје во болница, власта продолжува да се пресметува со политичкиот противник.

Тоа не е демократија. Тоа не е владеење на правото. И тоа не е Македонија каква што заслужуваат нејзините граѓани. ГРОМ бара институциите да постапуваат еднакво кон сите, транспарентно и без политички притисоци. И затоа уште еднаш прашуваме:

Кога ќе дојде редот на дивоградбите во Чаир? И до кога власта ќе се пресметува со опозицијата наместо да ги решава проблемите на граѓаните?

ГРОМ ќе продолжи да ја брани демократијата, политичкиот плурализам и правото на секој што мисли поинаку да биде слушнат – а не прогонуван“, се наведува во соопштението на ГРОМ.

Текстот ГРОМ за новата кривична против Јакимовски: Зошто институциите се толку ажурни кога треба да се гони опозиционер, а толку бавни кога треба да се расчистуваат вистинските проблеми? е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top