Груби се вакцинира против коронавирус

пред 3 години

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес ја прими првата доза на вакцина против Ковид – 19 во поликлиниката Чаир.

Груби апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk бидејќи, како што кажа, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото наше население и во исто време ќе го поразиме овој вирус.

„Во согласност со одлуката на Република Северна Македонија, денеска ми дојде редот и мене да се вакцинирам во поликлиниката Чаир и штотуку го завршив процесот на вакцинација. Сакам да изразам огромна благодарност до целиот медицински персонал, помошниот персонал кој им помагаат на граѓаните и помагаат вакцинацијата да продолжува секој ден. Сакам да апелирам до сите граѓани кои се регистрирани на порталот vakcinacija.mk да одговорат на поканите, да се вакцинираат, додека оние кои сеуште не се регистрирани да го направат оваа затоа што трае многу кратко, само неколку минути на порталот за вакцинација и самиот процес на вакцинација е краток и апсолутно безболен и 100% безбеден, затоа ве повикувам сите да се вакцинирате и да не доцниме да се вратиме на нашиот вообичаен живот“, рече Груби.

Share
Scroll to Top