Да нема летување за пратениците и министрите, предлага Демократскиот сојуз

пред 3 години

Пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да работат, се со цел овој период да се искористи за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите на училиштата и факултетите и спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на Европската Унија, предлага Демократскиот сојуз.

Од оваа партија сметаат дека летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад.

„Мора да продолжат реформите во судскиот систем, како и донесување на посебна програма за департизација на службите за безбедност и администрацијата. Овој период да се искористи за подготовка на Платформа за на поефикасен начин да се справиме со пандемијата, да се спроведе имунизација на населението и реорганизира здравствениот систем во насока на негова подготвеност за дејствување во услови на кризна состојба“, стои во писменото соопштение од ДС.

Од партијата додаваат дека поради пандемијата многу реформи доцнат, поради што како што велат само со дополнителни напори и работа можеме да опстоиме на патот кон Европската Унија и да се создадат подобри услови за работа и подобар живот за сите граѓани.

Share
Scroll to Top