Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

пред 7 часа

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.

Јованов претходно призна вина за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, тој на 29 јануари без возачка дозвола управувал возило со брзина од 91 километри на час, под дејство на алкохол. На пешачки премин на црвено светло удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло. Кулакова од силината на ударот починала на лице место.

Текстот Дванаесет години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top