Двајца мигранти пронајдени починати покрај пруга во Табановце

пред 2 години

Во СВР Куманово вчера во попладневните часови било пријавено дека покрај железничката пруга во селото Табановце, биле пронајдени две тела на починати мигранти.

Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово било констатирано дека лицата биле удрени од воз.

Утврдено е дека станува збор за Ј.К од Авганистан, а сѐ уште се вршат проверки за утврдување на идентитетот на другото лице.

Share
Scroll to Top