Двајца пешаци тешко повредени кога во нив удрил автомобил на крстосница во Штип

пред 3 години

Двајца пешаци се тешко повредени откако доцна синоќа во нив удрило возило на крстосницата од улиците „Васил Главинов“, „Генерал Михајло Апостолски“, „Вита Поп – Јорданова“ и мост кој ги поврзува со кеј „Маршал Тито“ во Штип.

Според информациите, автомобил „матиз“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(47) од Штип, удрило во пешаците Р.К.(70) и Г.Т.П.(62) од Штип.

Во несреќата, Г.Т.П. се здобила со тешки телесни повреди, а Р.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица во Штип.

Share
Scroll to Top