Двајца повредени во сообраќајка на патот Македонска Каменица-с.Саса

пред 3 години

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонска Каменица-с.Саса, помеѓу две возила.

По незгодата, возачот и сопатникот на едното возило биле итно пренесени во Клиничката болница- Штип, каде им биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Делчево.

Share
Scroll to Top