Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, едниот возач побегнал

пред 3 години

Тешко повредени мотоциклист и сопатничка во судир со автомобил на автопатот Скопје-Велес.

Несреќата се случила вчера во 13.50 часот, а автомобилот со косовски регистарски таблици, по незгодата избегал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top