Две нови паркиралишта кај Зелен пазар

пред 3 години

ЈП Паркинзи на Општина Центар денес пушта во употреба две нови паркиралишта во склоп на Зелен пазар согласно постигнатиот договор на состанокот помеѓу ЈП ПОЦ, Општина Центар, Скопски Пазар и пазарџиите од Зелен пазар со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

„ЈП Паркинзи на Општина Центар, го уреди „дивиот паркинг“ позади Зелен пазар кој беше во хаотична состојба и нефункционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски Пазар и постави нов систем за контрола со влезно-излезни рампи. Од ова неуредено паркиралиште, ЈП ПОЦ направи две функционални паркиралишта, едното паркиралиште е наменето за товарните возила на пазарџиите, а другото за жителите на ул. „11-ти Октомври“ бр. 16, 18, 20, 22, 24, 26 и 28 и бул. „Кочо Рацин“ бр.32 и 38“, соопштија од ЈП ПОЦ.

Од таму велат дека со отворање на овие паркиралишта, паркиралиштето „Аутомакедонија“ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови.

Од претпријатието наведуваат дека во наредниот период, контролите на ова паркиралиште ќе бидат зачестени и сите нерегуларности ќе бидат санкционирани.

„Определивме простор за товарните возила кој од денес веќе е во функција и доколку нашите контролори затекнат товарни возила надвор од затворениот простор, тие веднаш ќе бидат санкционирани. Правилата и редот ќе мора да ги почитуваме сите“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

Share
Scroll to Top