Дебарчанец сечел дрва и градел на диво, се стекнал со имотна корист од околу 269.000 денари

пред 3 години

Кривична пријава за 23-годишен дебарчанец кого надлежните го сомничат за узурпација на недвижности, бесправно градење и пустошење на шуми.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Т.П.(23) од с.Баништа, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“.

Пријавениот во 2021 година, на парцела во државна сопственост, лоцирана покрај брегот на Дебарско Езеро, исекол стебла од дрвја, без одобрение за градење изградил објект за домување од тврд материјал и притоа се стекнал со имотна корист во вредност од 268.820 денари.

Share
Scroll to Top