Деветмина дилери приведени во близина на основно училиште во Тетово

пред 2 години

Во круг на основно училиште во Тетово, вчера нешто по 21 часот, од полицијата лишила од слобода деветмина дилери на возраст од 18 до 28 години.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од МВР, во непосредна близина на лицата биле пронајдени и одземени 21 ќесичка со марихуана.

Станува збор за Ш.Л.(24), Т.А.(24), Д.Б.(18), Е.Е.(22), В.Л.(19), А.Е.(25), А.Ш.(24), Л.Л.(28), сите од Тетово и Џ.М.(22) од тетовското село Стримница.

По извршена проверка исто така било констатирано дека 28-годишниот Л.Л. се барал и по судска наредба за издржување на затворска казна.

Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, а по целосно документирање на случајот против сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top