Девет лица од Тетово и Гостивар наместо да седат во изолација ја напуштиле земјава

пред 3 години

Во периодот од 8 до 11 август, полицијата на подрачјето на Тетово и Гостивар извршила проверки на лица на кои им било издадено решение за изолација и домашно лекување.

Како што информираат од МВР, притоа било констатирано дека Д.Л. од Косово, со престој во државата, Љ.С.(54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А.Ќ.(37) од Тетово, М.Љ.(49) и А.Х.(20) – двајцата од Мала Речица, Б.Х.(35) од тетовски Лисец и М.З.(54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле на местото за изолација, туку ја напуштиле државата.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Share
Scroll to Top