Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

пред 4 години

Триесет и едногодишна девојка загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква.

До несреќата дошло кога излетал од патот автомобилот во кој се превезувала таа, заедно со уште една девојка, а го управувал И.А(38) од селото Облешево, Кочанско.

Другата сопатничка, која има 28 години се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Share
Scroll to Top