Делегација на СДСМ положи цвеќе на гробот на Киро Глигоров

пред 3 години

По повод деветгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ претставена од претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

„ СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувања на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата.

Заложбите на претседателот Глигоров за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво, со што јасно ја постави насоката и го зацрта патот на интеграцијата и развојот, којшто денес со гордост го продолжуваме.

Претседателот Глигоров беше почитуван политичар и државник во регионот и светот, чие искуство и мудрост и денес се вреднуваат и ценат.

Тој е претседателот кој ја зачува својата татковина безбедна, далеку од виорот на војната и успеа да ја постави на вистинскиот пат.

СДСМ како одговорна и државничка партија којашто се води од интересите на граѓаните и државата, останува цврсто определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе“ соопшти СДСМ.

Share
Scroll to Top