Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

пред 19 часа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.

Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Текстот Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top