Демократски сојуз: Задоволни сме од ставот на Чешка и Словачка

пред 3 години

Демократскиот сојуз искажува задоволство од искрениот и принципиелниот став на Чешка и Словачка, кои спречија ЕУ директно да се вмеша во историјата и да им овозможи Бугарија да ја редефинира и обликува истата според нивните потреби, користејќи го ветото и спречувајќи Македонија да продолжи по евроинтеграцискиот пат, соопштија од партијата.

„Македонија многу поодамна ги исполнува критериумите за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија при што долго чекаше и чека пред вратите на ЕУ, заради наводно историски прашања, името на државата, јазикот, посебноста на народот и други прашања кои ги отворија соседните држави Грција и Бугарија“, се наведува во соопштението.

Од ДС велат дека Македонија освен што направила реформи во многу области, го сменила Уставот, знамето и името на државата.

„Затоа Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да опстои на основните принципи, да ги почитува различностите и без било какви условувања да ги отвори вратите за членство на Македонија во ЕУ. Ние со Бугарија, сакаме да имаме добри и развиени политички и економски односи, а за отворените прашања подготвени сме да разговараме отворено, аргументирано и во пријателски дух. Сме за отворени граници и слободно движење на капиталот, луѓето и идеите. Немаме никакви резерви и предрасуди, ние сме Македонци, зборуваме на наш автентичен Македонски јазик, тие се Бугари и зборуваат на Бугарски јазик, нашата држава е Македонија, а нивната Бугарија. Треба сите да преземеме дел од одговорноста за демократскиот развој и просперитет на Балканот. Непринципиелните заклучоци и блокади, можат да ја нарушат безбедноста и стабилноста на Балканот и пошироко“, смета Демократскиот сојуз.

Share
Scroll to Top