Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 18.11.2023 (сабота) со почеток од 12.00 до 13.00 часот поради најавен протест на булевар „Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим во централното подрачје на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Текстот Денеска посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје е превземен од МАКФАКС.