Десет отсто од фирмите не исплатиле февруарска плата поради блокадата на економските мерки во Собранието

пред 4 години

Десет отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им исплатат плата на вработените, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

За овој месец, прифатени се 63.948 пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, а 6.888 работодавачи немаат исплатено плата, односно 10,7 проценти.

Лукаревска рече дека УЈП има во предвид оти финансиската помош за февруари не стигнала, а дека компаниите тоа го планирале. Затоа, Лукаревска апелира што поскоро да се донесат економските мерки во Собранието од петтиот економски пакет.

Носењето на петтиот пакет мерки е заглавен во собраниска процедура.

 

Share
Scroll to Top