Од СДСМ велат дека Општина Штип, раководена од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Иван Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендер на ЈП Исар, вреден 20.000 евра.
„Имено, во ЈП “Исар” Штип јавната набавка од 20.000 евра ја има добиено фирма на чиишто сопственици зет за ќерка име е лицето Методи Јорданов, кумашин токму на градоначалникот Иван Јорданов. За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на претпријатието ЈП “Исар” коешто ги доделува тендерот. Кумско семејната врска во општина Штип е уште една во низата афери и основани сомненија на градоначалникот Јорданов, по скандалот со Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова и нејзината дивоградба, скандалот со јавна набавка во детската градинка “Астибо”, скандалот со проневера на нафта во којшто беше вмешан близок човек на Иван Јорданов“, велат од СДСМ.
Како што подочуваат од СДСМ, ДКСК треба да го истражи скандалот со кумско-семејната врска за тендерот во општина Штип, дали постои основа за судир на интереси и дали Јорданов со тендери од илјадници евра ги “чести” своите блиски сопартијци и луѓе со којшто е во роднинска врска.
Текстот ДКСК да го истражи скандалот со кумската врска за тендерот во општина Штип, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.