„Македонската стратешка цел останува непромената“, истакна претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, со единствена точка на дневниот ред – Годишниот извештај на Европската комисија за земјава, за 2026 година.
„Македонската стратешка цел останува непромената – полноправно членство во ЕУ, при што во процесот на преговори, доследно да се применуваат европските правила, принципи и вредности: еднаквост, правна сигурност и пристапување засновано врз заслуги“.
Таа нагласи дека за напредокот на земјата се клучни четири димензии: „недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и воопшто во самиот процес и политичката одредница за уставни измени од годишниот извештај за 2022 година“.
Порача дека добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот.
„Од Европската Унија очекувам јасно да предочи дека билатералните прашања што не се поврзани со критериумите за пристапување не треба да бидат дел од преговорите и дека тој принцип мора да има реална институционална примена“.
Текстот Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, порача Сиљановска-Давкова е превземен од МАКФАКС.





