Докторка од гостиварската болница нападната од син на пациентка која починала

пред 4 години

Во попладневните часови на 8 март во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена 78-годишната И.Р. од гостиварското село Сенокос, која за кратко време починала на Интерното одделение.

Според пријавеното, набргу потоа, нејзиниот син, 51-годишниот Б.Р, физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот.

Увид во болницата извршила екипа од гостиварската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top