Доктор од Тетово почина поради компликации од Ковид-19

пред 3 години

Познатиот радиолог од Тетово, доктор Владимир Евтимовски, почина поради компликации со Ковид-19 на 50 годишна возраст.

Тој за кратко време ја загубил битката со вирусот. Симптомите ги почувствувал во понеделникот, а позитивен тест добил во вторникот.

Докторот потоа бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, откако му се влошила состојбата, по што вчера починал.

Имал неколку хронични заболувања, срцева слабост, ХОБС и обезитет.

„Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти! Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!“, напиша неговиот колега Арѓент Имери, радиолог и субспецијалист по дијганостика на дојка.

Share
Scroll to Top