Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски го оцени како добар одѕивот на гласањето до 13 часот со излезени 20,76 отсто од гласачите. Тој соопшти дека до 13 часот, според пристигнатите податоци во ДИК, гласале 237.476 гласачи.
„Процентот на излезни гласачи е 20,76 отсто, значи драстично зголемен во однос на тоа што беше сабајле“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот, исто како и пред два часа, е најголем во Новаци каде гласале 43,7 отсто, Кратово 37, 47 отсто, Крушево 37,35 отсто, Демир Хисар 35,61 отсто, Крива Паланка 35,13отсто, Ранковце 34,3 отсто, Вевчани 34,23 отсто, Кривогаштани 32,9 отсто, Лозово 32,9 отсто, Македонски Брод 31,7 отсто, Прилеп 31,69 отсто, Чашка 30,76 отсто, Карбинци 30,69 отсто, Дојран 30,55 отсто, Градско 30,15 отсто, вети Николе 29,38 отсто, Делчево 29,5 отсто, Пробиштип 29,1 отсто, Пехчево 28,93 отсто, Могила 28,78 отсто, Демир Капија 28,54 отсто, Неготино 28,52 отсто, Дебарца 28,45 отсто, Гевгелија 28,14 отсто, Кавадарци 26,97 отсто, Македонска Каменица 26,42 отсто, Росоман 26,4 отсто, Доленени 26,19 отсто, а останатите се до 25 отсто.
„Сметам дека излезноста досега е добра. Генерално на повеќето гласачки места состојбата е добра. На 6 избрачки места се гласа на стариот начин бидејќи има технички проблеми. Не мое да се стигне ниту да се смени апаратот бидејќи треба специјално теренско возило за тоа избирачко место, Старо Нагоричане, а се работи за 15 гласачи“, рече Даштевски.
Прекини во гласањето кои траеле повеќе од еден час имало на 11 гласачки места и таму гласањето ќе биде продолжено онолку време колку што траел прекинот.