До 15 часот во Штип гласале 23.03 % гласачи, а во Пласница 33.47 %

пред 3 години

Државната изборна комисија информира дека oдзивот на гласачи за предвремените избори за градоначалник до 15 часот во Општина Штип e 23.03 % односно гласале 9.620 гласачи, а во Општина Пласница гласале 1.658 гласачи односно 33.47 %.

До овој момент до Државната изборна комисија не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

Деталните информации во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето ќе бидат објавени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

Share
Scroll to Top